Институтот за македонски јазик со Отворени денови и промоција на нови изданија

Отворените денови во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ почнуваат денеска, со промоција на три нови изданија. Централен настан  е дводневната меѓународна  научна конференција „Минатото на јазичниот свет - денес и утре“ што ќе се одржи на 15 и 16 ноември...

institut_za_makedonski_jazik_01

Изданијата што ќе ги промовира Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска се издадени во текот на оваа година.

Се работи за Речник на црковнословенски јазик од македонска редакција II, свеска 12; Записи од мојот крај (Долна Преспа, Република Албанија) од Крисанта Јанкула, и Народни песни од Малеш од Станко Костиќ (Костовски) со историско-дијалектолошка анализа од Илија Бетински Малеш.

Отворените денови на Институтот за македонски јазик траат до петок.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia