Видое Видичевски и Романецот Ѓеорѓе Добре, добитници на наградата „Книжевно жезло“

Наградата „Книжевно жезло“, што Друштвото на писателите на Македонија ја доделува за поетски опус со високи естетски вредности, годинава ја добија македонскиот поет Видое Видичевски и поетот од Романија, Ѓеорѓе Добре...
knizevno_zezlo2

Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени на централниот настан на Манифестацијата „Празник на липите“, во чии рамки е основана оваа награда. Друштвото на писателите на Македонија ќе објави посебна публикација со избор од поезијата на лауреатите на македонски, романски и англиски јазик.

Видое Видичевски е роден во Охрид, во 1931 година. Зад себе има богат и разновиден опус како поет, раскажувач и драмски автор. За своето творештво е добитник на низа признанија, меѓу кои наградата на РТС на Струшките вечери на поезијата, наградата за најдобра книга меѓу два саема, Седмоноемвриската награда на Охрид и наградата на „Дијалог“ за најдобра поетска книга во 2009 година.

Романскиот поет Ѓеорѓе Добре е роден во 1953 година во Рон Јоата, жупанија Јаломица. Главен уредник е на издавачката куќа „Хелис“ од Слобозија. Ѓеорѓе Добре е автор на 12 поетски книги. Член е на Сојузот на романските писатели и добитник на неколку национални награди. Ѓеорѓе Добре минатата година во Романија ја објави книгата „Тој човек иде од некаде“, во која со поезија се застапени 34 поети од Македонија во препев на Димо Димчев.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia