IN MEMORIAM: Почина писателот Есад Бајрам

Друштвото на писателите на Македонија соопшти дека во петокот (10 ноември 2017) во Охрид, во 83-та година од животот почина Есад Бајрам, истакнат писател и преведувач од турската националност во Македонија. Посмртните останки на Есад Бајрам беа погребани во Охрид...

esad_bajram2

Есад Бајрам е роден во Охрид, во 1934 година. Беше писател и општествено - политички работник. Член на ДПМ беше од 1987 година. Како поет, раскажувач и писател за деца, Есад Бајрам зад себе остави низа книги објавени на турски и преведени на македонски јазик. 

Меѓу неговите дела се стихозбирките: „Плетенки“, „Дневни прошетки“, „Палата на душата“ и „Диван“, збирката раскази „Пеливани во кујната“ и книгите за деца „“Буквар в срце“ и „Ѕвездени бакнежи“.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia