Министерот Алаѓозовски на собирот “Nomad Dance Advocates”: Стратешка поддршка за танцот

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, за време на неговиот престој во Белград, Србија, учествуваше na собирот Nomad Dance Advocates in Belgrade 2017, дводневен меѓународен собир на експерти и претставници на држави, меѓу кои и претставници од Македонија, Албанија, Србија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Австрија, Франција, Шведска и други земји, кои се залагаат за подобра позиција на танцот во земјите од регионот.


nomad_dance_belgrade_21_okt_2017

Министерот Алаѓозовски имаше свое излагање на собирот што беше неколкупати поздравено бурно од присутните, во кое се заложи за унапредување на позицијата на танцот и истакна дека Министерството за култура е подготвено да даде стратешка поддршка во таа насока.  

„Како што е во регионот, така и во Македонија, танцот како современа уметничка дисциплина е запоставен на сметка на постарите дејности како филмот и театарот. Додека во последните дваесетина години театарот и филмот пораснаа за неколку пати, танцот необјасниво беше оставен на маргините и сè уште се смета за егзотична дисциплина.  Министерството за култура  е спремно стратешки да го поддржи танцот во РМ и е подготвено да се вклучи во регионални и европски иницијативи, коишто на македонските танцувачи ќе им овозможат поголем пробив на меѓународната сцена“, истакна Алаѓозовски.

msu_belgrade_21_okt


Истовремено со овој собир, во Белград се одвива и јубилејниот десетти Фестивал на современиот танц „Kondenz“, којшто беше официјално отворен на 20 октомври со претставата за танцот "Scrape" во театарот "Битеф". За јавноста беше отворен и реконструираниот објект на Музејот на современа уметност. На настаните присуствуваат и учествуваат повеќе високи делегации, организации и уметници од земјите од регионот и Европа.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia