Нов културен бран: Џез концерт на отворената сцена во Могила

Денеска во 13,30 часот на отворената сцена во Могила, како дел од програмата на Манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура, концерт ќе одржи џез-триотo на Сашо Поповски.

NKB_Jazz_fabrika_MKB_BT_Mogila_20_okt_2017
На концертот претходеше пакет од музички работилници за современи музички стилови и џез музика во општина Могила, наменет за деца на возраст од 7 – 14 години. Оваа иницијатива е еден од успешните начини за градење на квалитетна и едуцирана публика и потсетува дека независно од географската локација на индивидуалецот секој има право на уживање во квалитетна и поинаква културна понуда.
Иницијативата е во реализација на Младинскиот културен центар - Битола во соработка со Општина Могила, поддржана од Министерство за култура на Република Македонија преку Новиот културен бран.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia