Во Скопје отворена 148- та седница на Бордот на директори на Еуримаж

Денеска во Скопје, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски ја отвори 148-та Седница на Бордот на директори на најголемиот европски филмски фонд „Еуримаж“. Република Македонија е домаќин на оваа сесија на Генералното собрание на Еуримаж, кое се одржува од 16. до 20. октомври, во организација на Агенцијата за филм на Република Македонија.

eurimage_148_sednica_vo_Skopje_19_okt_2017_foto1

Министерот Алаѓозовски ги поздрави 60-те претставници на земјите - членки од цела Европа и Канада. Тој истакна дека му претставува особена чест и задоволство што Македонија е домаќин на Еуримаж, потенцирајќи го значењето на Еуримаж како најголем европски фонд за копродукции, без чија поддршка нема да можеа да бидат реализирани врвни дела од европската кинематографија  и ја изрази својата увереност дека оваа сесија ќе резултира со успешни ко - продукции, со што ќе се придонесе кон унапредување на меѓународната соработка. Воедно, Алаѓозовски ја искористи можноста да се заблагодари за досега поддржаните македонски проекти и ко – продукции во кои учествува нашата земја.

Министерот Алаѓозовски изрази желба во иднина да се реализираат повеќе успешни и квалитетни филмови и копродукции, кои ќе бидат видени не само од регионалната публика туку и пошироко. „Сакаме да ја унапредиме соработката со Еуримаж токму во оваа насока, создавање на услови за продукција на квалитетни филмови, во духот на модерните европски  вредности. Поддршката од Еуримаж за македонскиот филм секогаш била значајна, а Министерството ќе биде тука секогаш како партнер од доверба за реализација на целите и заложбите, кои за сите нас се несомнено заеднички“, рече Алаѓозовски.

eurimage_148_sednica_vo_Skopje_19_okt_2017_foto2

На ова Генерално собрание, на кое присуствуваат претседателката на Еуримаж, Кетрин Траутман, извршниот директор на Еуримаж, Роберто Ола, заменикот извршен директор на Еуримаж Енрико Венучи и националните претставници на земјите членки на Еуримаж, покрај одлуките за поддршка на европски копродукции, ќе се расправа и за стратешките определби на фондот, кој има развиено четири посебни програми за финансирање.

Фондот е основан во 1989 година во рамките на Советот на Европа и има јасна, културна цел, која е комплементарна на програмата МЕДИА на Европската Комисија. Во моментот, фондот брои 38 земји - членки, а Република Македонија е член од 2003 година.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia