Широк и конструктивен придонес на уметниците и културните работници на расправата за нацрт-стратегијата за културен развој 2018-2022

Над сто и педесет претставници на националните и јавните институции и установи од културата, на професионални здруженија и граѓански организации, продуценти, издавачи, промотори и други субјекти од независната сцена, како и повеќе самостојни уметници учествуваа денеска на втората јавна расправа за нацрт-стратегијата за културен развој во Република Македонија во периодот 2018-2022, што ја организираше Министерството за култура во Музејот на современа уметност во Скопје.

rasprava_strategija_18_okt_2017_foto_1


Расправата ја отвори заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски кој ја повтори клучната заложба на културните политики на Владата на РМ и Министерството: „Културата до сите, култура за сите“. Тој потенцираше дека Министерството во овие расправи не влегува само формално, туку суштински со сите свои капацитети. Лазовски ги повика сите структури во културата да се вклучат со свои предлози во Нацрт-стратегијата, зашто како што додаде, визијата за идниот развој во културата не смее да е наметната и да доаѓа од одозгора, туку да ги вклучува сите во обликувањето.


rasprava_strategija_18_okt_2017_foto_2

Посебниот советник Златко Теодосиевски рече дека досега најмногу предлози пристигнале за општиот дела од текстот, а помал број (14) сугестии се однесуваат на посебните цели за развој на културата по области. Тој рече дека се тоа премалку сугестии, додавајќи дека работната група и самата чувствува дека текстот може уште многу да се подобри. „Општиот дел од нацртот е преработен. Тој, условно, треба да биде 'библија' на македонската култура што ја очекуваме во наредните пет години. Сите стратешки приоритети наведени во општиот дел сакаме институциите да ги пресликаат во својата работа“, истакна Теодосиевски, кој воедно нагласи дека главни цели на кои се инсистира се демократичност, инклузивност, децентрализација и партиципативност.

rasprava_strategija_18_okt_2017_foto_3

Учесниците, по делот за општа расправа, ги продолжија дискусиите во четири панел групи: за културно наследство и музеи што ја модерираа Донка Барџиева-Трајковска, советник и Валентина Поцеска од Работната група за Нацрт-стратегијата; за авторски права –модерирана од Магдалена Диковска, советник за правни работи во Кабинетот на министерот за култура, посебниот советник Петрит Сарачини и Валентин Пепељугоски од Работната група; за литература и издаваштво за која беа одговорни координаторите Билјана Туџаровска-Ќупева и Фросина Ѓоршовска; и за музика, театар, мултимедија и визуелни уметности, дебата што ја координираше Гоце Божурски.

rasprava_strategija_18_okt_2017_foto_4

По конкретните и конструктивни предлози и сугестии на панел-дебатите, беше заклучено дека сите заинтересирани субјекти од културата ќе можат и натаму да учествуваат во јавната расправа која трае, а ќе можат своите сугестии да ги праќаат и на имејл-адресата  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . 

Во наредниот период, со поддршка на УСАИД Прокетот за граѓанско учество и Министерството  ќе се организираат јавни расправи по нацрт текстот уште во осум градови низ државата, во кои ќе се очекува да се вклучи и локалната самоуправа, а расправата ќе финализира во декември со поширок форум, за потоа да се влезе во формална процедура на усвојување и да се запази законскиот рок за донесување на новата стратегија во културата за наредните 5 години. Претставниците на Министерството ги повикаа и самите организации и здруженија да организираат фокусирани расправи за посебни дејности и области, на кои ветија посветено присуство и учество на претставниците на институциите, за директно да ги слушнат предлозите и сугестиите за подобрување на текстот на стратегијата. 

rasprava_strategija_18_okt_2017_foto_5

rasprava_strategija_18_okt_2017_foto_7

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia