Утре во МСУ јавна расправа за нацрт-стратегијата за културен развој 2018-2022

Утре (18 октомври) од 10 часот во Музејот на современа уметност во Скопје, Министерството за култура на Република Македонија организира јавна расправа за нацрт – стратегијата за културен развој 2018 – 2022.
logo_-_MK1
Расправата ќе ја отвори заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски, по што ќе следи претставување на подобрената првична верзија на нацрт – стратегијата, како и општа расправа за системската поставеност, главните аномалии, за сегашната поставеност на системот на културни установи и за тоа дали е потребна нова инфраструктура и институции. 
По општата расправа, учесниците во одделни четири паралелни дискусии ќе имаат можност да ги споделат своите идеи околу идната стратегија во културата за наредните 5 години.
Посебна дискусија ќе има за јазикот, литературата и издаваштвото, дискусија за авторските и сродни права, за темите од заштита на културното наследство и музеите, а четвртата дискусија ќе ги опфати музичко - сценската дејност, изведувачките и визуелни уметности.
 
Во фоајето на МСУ ќе биде поставен и инфо - штанд за Конкурсот за годишната програма за проекти од национален интерес во областа на културата за 2018 година, каде што сите заинтересирани ќе можат да добијат поподробни информации за конкурсот, пријавите и можностите за аплицирање. Настанот ќе трае до 13 часот. 

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia