Македонската филхармонија ја отвора сезоната на 25 октомври

На прес-конференцијата одржана денес, в.д. директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески најави дека сезоната, со мало доцнење поради техничките подготовки на новиот објект, ќе започне на 25 октомври со концертот насловен „Нов почеток“. Диригент ќе биде маестро Борјан Цанев, а солист на пијано Дино Имери кој ќе  изведе еден од најпопуларните концерти за клавир и оркестар од Чајковски бр. 1.

filharmonija_pres_otvoranje_sezona_17_okt_2017

Вториот дел од програмата на отворањето на сезоната во Македонската филхармонија ќе биде посветен на „Римски фонтани“ од Респиги и „Ѓаволштините на Тил Ојленшпигел оп. 28“ од Рихард Штраус, информираше в.д директорот Илиески. Тој рече дека иако салата беше свечено отворена на 21 мај, а објектот не беше завршен, тој како директор ја преезема одговорноста за доцнењето на новата концертна сезона која требаше да почне порано.

„Како директор, сакав да ја преземам одговорноста да почнеме кога сите детали ќе бидат донесени на највисоко ниво. Горд сум што го добивме приклучокот со БЕГ, на пример, за да можеме нормално да ја почнеме сезоната“, вели Илиески, кој најавува дека во иднина со Филхармонијата ќе настапат сите оние домашни уметници кои биле заборавени или оние кои делуваат во странство. 
Билетите за отворањето чинат по 400 и 500 денари и се продаваат на билетарницата во новата сала. За понатамошниот тек на сезоната, во каталогот се наведени концертите до декември 2017, а дел од нив се „Симфонија на тажни песни“ со сопранот Ана Дурловски, „На руски начин“ со пијанистот Борис Березовски (Русија), концертот за деца „Магичен глас “, „Среќен ти роденден“ со виолинистот Љубиша Кировски, „Поема екстаза“ со рускиот виолинист Никита Борисо- Глебски, „Филхармонија за Шпато“ и гала новогодишниот концерт „Полноќни огномети“.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia