Македонија со активно и успешно претставување на Саемот на книгата во Франкфурт

Денес на Саемот на книга во Франкфурт се одвиваа повеќе активности, во кои учествуваа македонските издавачи и делегацијата на Министерството за култура предводена од министерот Роберт Алаѓозовски. На дебатата на тема „Преку  границите: предизвиците за меѓународна промоција на литературата на ‘малите јазици’“ организирана на Македонската асоцијација на издавачи, се разви дискусија за начините на подобра соработка и претставување на помалите земји и јазици на меѓународната книжевна сцена.

SaemFrankfurt_2017-10-14_General_Foto1

Панелисти на денешната дискусија на Саемот во Франкфурт беа Лидија Димкова, добитник на повеќе награди меѓу кои и Европската награда за литература во 2013, Стефано Бисачи, италијански агент и сопственик на агенцијата „Tempi Irregolari“, Гванца Јобова од Здружението на издавачи од Грузија, Катја Стергар од ЈАК Словенија како и Дарко Фиданоски од МАИ.

SaemFrankfurt_2017-10-14_Debata_Foto2

На трибината присуствуваше министерот за култура на Македонија, Роберт Алаѓозовски кој рече дека учесниците споделија искуства кои се поклопуваат со оние за кои тој разговараше на средбите со високите претставници на Саемот, со странски издавачи, со министри од други земји. „Јасно е дека е потребна стратегија, потребно  е да се направи Aгенција за книга. Таа всушност постои, само треба брзо да ја ставиме во функција и на некој начин да ги обединиме сите искуства на издавачите кои не’ претствуваа и на Франкфуртскиот саем  и на други саеми. Треба да сме усогласени во заеднички остварлива акција и да размислуваме како подобро ќе се промовираме понатаму“, рече министерот Алаѓозовски по трибината.

„Во таа смила размената на искуствата со врвните стручњаци како што се директорите на саемите, а секако и со искуствата на литературните агенти, издавачите и преведувачите ни беа поттик и ни дадоа добри насоки во кои правец да ја развиваме и усовршуваме оваа дејност“, кажа Алаѓозовски.

SaemFrankfurt_2017-10-14_Debata_Foto3

За македонското учество во Франкфурт, министерот вели дека овој Саем е местото каде што треба да се биде, како и на неколку други саеми, согласно нивните профили. „Се разбира дека поддршката на Министерството за култура на овие саеми останува и ние сме подготвени да помогнеме да го максимизираме ефектот од нашето присуство овде. Потребна е многу посветена и континуирана работа која ќе ги обедини различните искуства и ќе ги структурира за понатаму. Секако дека ќе се претставиме со добри автори, но треба и да размислиме како да го привлечеме меѓународниот интерес за макеедонската литература. Постојат различни маркетиншки техники кои се иновативни, а кои постојат во структурите на овој Саем“, потенцираше Алаѓозовски.

На трибината на Асоцијацијата на издавачите на РМ, Гванца Јобова од Грузија, споделувајќи ги своите искуства рече дека иако е од мала земја, овој Саем што им дозволува на авторите да говорат слободно, воедно им овозможува да го промовираат и туризмот и економијата. За важноста на преводот на меѓународните саеми зборуваше Катја Стергар од Словенија. Стефано Биачи, агент кој ги застапува и македонските автори, вели дека е многу тешко да се пробијат на странските пазари. Потребна е многу работа и упорност, но голема улога игра и добриот превод. Дарко Фиданоски од Македонската асоцијација на издавачи го истакна своето задоволство од учестввото, додавајќи дека годинава интересот за македонската литература на Саемот е поголем.

frankfurt_merkel_makron

Годинава, македонските издавачи претставуваат повеќе од 400 наслови од над 250 македонски автори, наградувани и преведувани, меѓу кои и 70 наслови од македонски автори преведени на европски јазици . Мотото под кое земјава се претставува на престижната маниефстација е „Магијата на македонската литература“. Саемот на книгата во Франкфурт се затвора утре, а го отворија во средата германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Макрон, кој говореше на чинот на отворањето зашто годинава Франција е земјата која се претставува на Саемот. Годинава во Франкфурт  се претстават околу 7.300 изложувачи од повеќе од 100 држави. Предвидени се околу 4 илјади настани, а се очекува Саемот да го посетат околу 300 илјади гости.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia