Претстави од седум земји на 11-тото издание на фестивалот „Скупи“

Под мотото „За здрав дух“ од денес до 18-ти октомври се одржува 11-тото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Скупи“, на кој ќе бидат изведени седум претстави од Албанија, Русија, Косово, Израел, Србија, Иран и од Бугарија.

Poster-Itf-SkupiFestival-2017-1170x827


Фестивалот ќе биде отворен вечерва во Сули ан,  со гостувањето на театарот „Андон Чајупи“ од Корча, Албанија  и претставата „Куќата на Бернарда Алба“ од Лорка во режија на Ќендрим Ријани. Во наредните денови фестивалот ќе се одржува во Младинскиот културен центар, каде ќе гостуваат претставите: „Ѕверот“ на театарот „У Моста“ од Перм, Русија; „Маченик“ на Градскиот театар од Ѓаковица, Косово; „Пуши како маж“ од Тел Авив – монодрама инспирирана од животот на Фрида Кало; „Визии од сребрениот век“ на Центарот за културна деконтаминација од Белград; „Зборувај, Медеја“ на театарската компанија „Јирјирак“ од Техеран и, на последниот фестивалски ден – „Слугинките“ на Националниот театар „Иван Вазов“ од Софија.

Како и на минатите изданија, на „Скупи 2017“ ќе биде доделена една награда – Гран-при за најдобра претстава, за која ќе одлучува тричлено жири во состав: Веби Ќерими, Ѓорѓи Јолевски и Лука Кортина. 

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk