Министерот Алаѓозовски ќе отвори архитектонска изложба за Скопје во Виена

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, во чест на празникот 11 Октомври денес во реномираната галерија Рингтурм во Виена, Австрија ќе ја отвори изложбата „Скопје – Архитектурата во македонски контекст“ на архитектите Владимир Десков, Ана Ивановска - Дескова и Јован Ивановски, реализирана во соработка со познатиот виенски архитект и куратор Адолф Штилер.

viena

Овој австриско -македонски проект се реализира на покана од архитект Штилер, долгогодишен куратор во виенската галерија и истражувач на архитектурата на државите и градовите од Средна и Југоисточна Европа. Авторите велат дека побудениот интерес за модерната архитектура на Скопје доаѓа по периодот кога вниманието на домашната и на светската јавност беше насочено пред сè кон контроверзниот проект „Скопје 2014“. Во тој контекст, изложбата е можност да се согледа, вреднува и презентира вредното архитектонско наследство на повоено Скопје. 

Изложбата е резултат на долгогодишното истражување на Десков, Ивановска - Дескова и на Ивановски на архитектурата на Скопје од периодот на модернизмот, со фокус на архитектонската продукција од 1945 до 1991 година. Проследена е со монографија која опфаќа 37 архитектонски градби избрани по пат на внимателна класификација.

Министерот Алаѓозовски, покрај поентите за модерната архитектура во Скопје, проектот „Скопје 2014“ и новите културни политики на земјата, ќе упати покана за возвратна изложба за Виенскиот архитектонски контекст во некој од реномираните скопски културни и изложбени простори.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk