Државниот празник 11 Октомври се одбележува во Скопје, Прилеп и во Куманово

Денот на народното востание на македонскиот народ, 11-ти Октомври, Владата на Република Македонија свечено ќе го одбележи денес пред Споменикот на ослободителите на Скопје покрај згрдата на Владата,  како и кај споменикот на Методија Анднов Ченто, споменикот на Кузман Јосифовски Питу и Могилата на непобедените, во Прилеп и на Спомен - костурницата во Куманово.

mogila_pp

Свеченото одбележување пред Владата ќе започне во 10:30 часот, со интонирање на државната химна во изведба на Воениот оркестар на АРМ. Свеченото оддавање почит продолжува со положување цвеќе од Сојузот на борците на Република Македонија и од повеќе владини делегации, меѓу кои и од Министерството за култура предводена од заменик-министерот Владимир Лазовски.

На свеченоста ќе се обратат претставникот на Сојузот на борци на Македонија,  д-р Никола Стојановски, претставникот на Генералштабот на АРМ, заменик на началникот на Генералштаб, генерал – мајорот Мухамет Рацај и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Во Собранието на Република Македонија, во 12 часот свечено ќе бидат доделени  државните награди  ,,11 Октомври“, кои се највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на РМ. Годинешни добитници се музичарот Влатко Стефановски и историчарот проф. д-р Амет Шериф.  

Свеченостите во Прилеп и во Куманово ќе бидат предводени од свечени владини делегации.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk