Германија и Македонија: Продолжување и збогатување на одличната соработка во културата

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Сојузна Република Германија во нашата земја, Томас Герберих. Во духот на традиционално добрите и интензивни културни врски помеѓу двете земји, двајцата соговорници изразија подготвеност за унапредување и проширување на соработката.  

sredba_germanski_ambasador_gerberih_10_oktomvri_2017

За време на средбата, амбасадорот Герберих изрази поддршка за реформските заложби на Владата на Република Македонија, истакнувајќи ја важноста на претстојните локални избори во однос на зајакнувањето на демократските процеси.

Зборувајќи за приоритетите на Министерството за култура, министерот Алаѓозовски ги истакна расчистувањето со негативните практики на нетранспарентно и предимензионирано финансирање на проекти и непродуктивни и прескапи објекти на претходната власт, потенцирајќи ја потребата за модернизирање на инфраструктурата на постојните културни установи, кои се оставени со години во незавидна состојба.

Министерот Алаѓозовски го информираше германскиот амбасадор и за процесот на подготовка на националната стратегија за култура, за која е консултирана пошироката јавност низ отворени дебати, како и за потребата за измена на некои од постојните законски решенија што се покажаа неефикасни. Воедно, тој посочи дека интензивирањето на меѓународната соработка е меѓу главните приоритети на Министерството.

Германскиот амбасадор Герберих оцени дека билатералната соработка помеѓу Германија и Македонија е одлична, при што како најсвеж пример беше посочен големиот интерес за Фестивалот на новиот германски филм. Се разговараше и за претстојното претставување на издавачката дејност на Саемот за книга во Франкфурт овој месец,како и за можностите за културна соработка помеѓу збратимените општини во Македонија и Германија.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk