Нов културен бран: Митровска и Коруновска со Гершвин во Демир Хисар, Крушево и Ресен

Како дел од манифестацијата “Нов културен бран” поддржана од Министерството на култура, вечерва (10 октомври) со почеток во 19 часот во Домот на културата “Илинден” во Демир Хисар ќе се одржи концерт на оперските певици Маја Митровска и Марина Коруновска, во пијано придружба на Александра Јанковска.

NKB_tuneja_Gershwin_10_okt_2017


На концертот кој е насловен “Џорџ Гершвин како инспирација”, ќе бидат изведени највпечатливите вокални дела на Џорџ Гершвин, прославениот композитор кој ги споил популарниот и класичниот жанр, за да ја создаде својата препознатлива музика.

Концертите се одржуваат во годината кога се навршуваат 80 години од смртта на композиторот, токму затоа за љубителите на музиката на Гершвин, оперските певици Митровска и Коруновска вакви концерти ќе одржат и во Домот на култура “Наум Наумоски - Борче” во Крушево (20 октомври), како и во Домот на култура "Драги Тозија" во Ресен (2 ноември). 

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk