Се отвора постојана етнолошка поставка во Штип

Во НУ Завод и Музеј-Штип денес ќе биде отворена постојана етнолошката поставка. Одделот за етнологија во Штипскиот музеј е отворен една година по отворањето на Музејот на Македонија, во 1950 година. Во неколку збирки се изложени голем број предмети од текстил, накит и од дрво. Изложбата ќе ја отвори в.д директорката на Управата за заштита на културното наследство, Елеонора Петрова.

etnoloska_postavka_muzej_stip_10_okt_2017

Збирката накит содржи предмети кои се користеле за украсување, за китење на сите делови од телото, почнувајќи од главата, вратот, половината, рацете, но исто така вклучени се и предмети кои претставуваат моден детаљ како чантички, паричници, шишенца за парфем.

Изложените предмети од текстил даваат слика за начинот на облекувањето во Штип и околината во крајот на 19 век и почетокот на 20 век. Изложена е облека која е под влијание на ориенталната мода „алатурка“, и градската облека под влијание на Европа -„алафранка“. Карактеристични се народните носии од Овчеполскиот крај и плетените тантели-сорки. Изложени се носии и од други краеви на Источна Македонија. Од занаетчиството има предмети во метал, дрво, во керамика кои се користеле во домаќинството.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia