Дарја Ризова - најдобра млада актерка на 57-то издание на фестивалот МЕСС

Актерката на Македонскиот народен театар, Дарја Ризова ја освои наградата „Рејхан Демирџиќ“ за најдобра млада актерка за главната улогата во претставата „Електра“ на 57-то издание на интернационалниот театарски фестивал МЕСС кој се одржува во Сараево.

darja_rizova_mess

Жирито составено од еминентни театарски уметници од регионот, за улогата на Ризова во претставата на МНТ која е во режија на Андриј Жолдак, образложија дека: да се реализира една особено сложена улога во рамките на режисерските барања, и начинот на кој тоа е остварено, не увери во нејзината голема зрелост иако е во прашање млада актерка.

-Актерката имаше многу голема енергија и присутност на сцената, и доста долг период беше постојано присутна пред публиката. Во еден релативно монохроматски режисерски регистер, токму нејзината улога донесе многу суптилност, боја и нијанси, и поради тоа наградата за најдобра млада актерка се доделува на Дарја Ризова - стои во образложението за наградата. Во конкуренција за наградите na годинашниот МЕСС беа веќе докажани продукции од 12 земји.

Следната изведба на „Електра“ е на 26 октомври со почеток во 20 часот. Покрај тоа што за оваа изведба влезот за студентите е слободен, дирекцијата на МНТ одлучи во чест на наградата да им овозможи на сите посетители слободен влез. Публиката билетите може да ги подигне на билетарницата на МНТ, на денот на претставата од 14:00 до 19:00.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk