Серија средби на министерот Алаѓозовски на Третиот Форум на Иницијативата „16+1“ во Кина

Во рамки на Третиот Форум на Иницијативата за соработка помеѓу НР Кина и земјите на Централна и Источна Европа (16 + 1) што деновиве се одржува во градот Хангџоу во Народна Република Кина, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, оствари неколку билатерални средби со министри на земјите – членки на Иницијативата.

sredba_forum1_kina

На средбата со министерот за цивилни работи на Босна и Херцеговина, Адил Османовиќ, министерот Алаѓозовски се заблагодари за поддршката на БиХ за идејата Координативниот центар на Иницијативата да биде во Македонија. Се разговараше за модалитетите на функционирање на соработка во рамки на Иницијативата „16+1“ , но и за директната соработка помеѓу двете земји.

sredba_hrvatska_ministerka_na_forum_vo_kina

Министерот Алаѓозовски исто така оствари билатерална средба со министерката за култура на Република Хрватска, Нина Обуљен Коржинек, на која се заблагодари и за поддршката на Хрватска за востановувањето на седиштето на Центарот на Иницијативата во Скопје, а беше потврдена заедничката заложба за унапредување и интензивирање на одличните културни врски и соработка меѓу двете земји.  

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia