Министерот Алаѓозовски на Форум на Иницијативата „16 + 1“ во Кина

Делегација на Министерството за култура на Република Македонија, предводена од министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, престојува во еднонеделна посета на Народна Република Кина, каде ќе учествува  на  Третиот Форум за соработка помеѓу НР Кина и земјите на Централна и Источна Европа (16 + 1). Предвидени се и официјални средби на министерот Алаѓозовски со кинескиот министер за култура, Луо Шуганг, како и со други високи претставници на земјата –домаќин и со министрите од другите земји – членки на Иницијативата. 

logo_china

Се очекува на годинашниот Форум да се направи значаен исчекор за унапредување и конкретизирање на соработката меѓу овие земји, преку усвојувањето на Декларацијата за културна соработка и Двегодишната програма за соработка за 2018-2019 меѓу НР Кина и ЦИЕ.

Освен тоа, со усвојувањето и потпишувањето на Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за култура на земјите од ЦИЕ и НР Кина, ќе се воспостави Координативен центар за културна соработка на заедничката иницијатива. Македонија се надева дека и формално ќе биде прогласена за домаќин на Центарот, за што веќе доби поддршка од сите земји – членки на Иницијативата „16+1“.

Иницијативата на НР Кина со процесот „16 + 1“ има цел да ја интензивира и прошири соработката со 11-те земји - членки на ЕУ и 5-те балкански земји и тоа во областа на инфраструктурата, трговијата, инвестициите, транспортот, земјоделието, финансиите, науката, образованието и културата, што ќе овозможи  внатрешен развој на земјите, регионална поврзаност и поголема соработка во насока на забрзан економски развој.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia