Денес пред Владата спектакуларна прослава на Денот на независноста

Денес пред Владата на Република Македонија ќе се одржи Централната прослава за Денот на независноста на Македонија.

program7septemvrimkd

Прославата започнува во 17:30 часот, со интерактивна уметничка инсталација - изложба на платото пред Владата и внатре во зградата. Во 18 часот започнува детската театарска претстава "Маша и нејзината приказна" - работена по популарната серија "Бајките на Маша". Претставата е од интерактивен карактер, изобилува со музички делови, оригинални костими, а секако присутни се и едукативни моменти. Граѓаните кои ќе присуствуваат на настаните ќе имаат можност да ги гледаат Dancers United, танцово студио за инклузивни настапи на танчери со Даунов Синдром и танчери со типичен развој.


Во 19 часот започнуваат со настап Гудачки квартет ВИВА Стринг, а по нив настапува Хорот при Македонската опера и балет со неколку кратки композиции од Прокопиев, како и изведба на химната на Република Македонија.  Потоа, во 19:30 часот следува обраќањето на Претседателот на Влада на Република Македонија, Зоран Заев.


По обраќањето на премиерот Заев, од 20 часот на централната прослава ќе настапат и повеќе музички изведувачи: Биг бенд на Здружението на џез музичарите на Македонија, Љубојна со специјалниот гостин Џамбо Агушев, Бени и Нон-стоп со специјален гостин Златко Ориѓански, Влатко Стефановски Трио, К’пурдат од Тетово, Шутка Рома Рап и хип хоп артистот Слаткар.


Сите активности се од отворен карактер, ги покануваме граѓаните да се приклучат и заедно да го прославиме Денот на независноста на Република Македонија.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk