Министерот Алаѓозовски на јавна дебата „Каков Офицерски ни треба?“ во Битола

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски денес (2 септември 2017) ќе учествува на јавната расправа „Каков Офицерски ни треба?“, во рамки на Фестивалот на современи уметности АКТО.

akto_diskusija_oficerski

Покрај министерот Алаѓозовски, на расправата која се однесува на состојбата со Офицерскиот дом во Битола, културно - историски споменик од 1919 година, учесници се парламентарци од повеќе политички партии како и советници - членови на Комисијата и на Советот за култура на општина Битола, раководители на јавни институции во Битола, експерти за културно наследство, членови на независната културна сцена од Битола, Скопје, Тетово, Струга, вработени во министерства во РМ, како и активисти и граѓани од Битола и други градови.

Од дискусијата се очекува да произлезат мислења за модели на управување, но првенствено за заштита на објектот и неговата околина како културно наследство од особено значење. Дебатата ќе се одржи во паркот на Офицерскиот дом, и е дел од проектот „Културни простори за активни граѓани“. Се одржува во партнерство со ФРУ – Факултет за работи што не се учат  и со Локомотива – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста - Скопје. 

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia