Државниот секретар Азири на средба со претставници на културно - уметничките друштва на Албанците

Државниот секретар во Министерството за култура на Република Македонија, Валмир Азири оствари средба со претставници на неколку културно - уметнички друштва на Албанците во Република Македонија.

takim_shka_aziri_7_08_2017

За време на средбата, државниот секретар Азири ги информираше претставниците на друштвата за содржината на конкурсот  за Манифестацијата Нов културен бран и за тоа што се бара од потенцијалните конкуренти за организирање на културните манифестации, преку овој конкурс објавен пред неколку дена од страна на Министерството за Култура.

Освен ова, се разговараше и за проблемите со кои што се соочуваа досега албанските ансамбли, како и за промовирањето на една нова соработка меѓу Министерството за култура и културно - уметничките друштва и изнаоѓање на една стабилна форма на подршка за реализација на нивните идеи.

Претставниците на културно - уметничките друштва ја поздравија иницијативата на државниот секретар Азири за средби на ансамблите од различни градови за да се разговара за долгорочните планови, како и за предизвиците со кои што се соочуваат.

Во иднина се очекуваат и други средби со претставници на различни културни организации и друштва, коишто сакаат да дадат свој придонес кон реализацијата на “Новиот културен бран”, како и другите  културно - уметнички активности и проекти на Министерството.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk