Денот на Републиката - во духот на соработката и почитта кон создателите на независна Македонија

На 2 август, Денот на Републиката, во рамки на одбележувањето на 114 години од Илинденското востание и 73 години од Првото заседание на АСНОМ, министерот за култура, Роберт Алаѓозовски како член на делегацијата на Владата на Република Македонија, се поклони на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“ во Скопје, како и во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. „Се поклонивме на хероите што ја создадоа македонската држава. Смело, одлучно, наспроти сите струи, со визија за сите нејзини граѓани“, напиша министерот Алаѓозовски на социјалните мрежи.

alagjozovski_delcev

Делегацијата во „Св.Спас“ ја предводеа премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов. Беше констатирано дека чествувањето е во рамки на историското доближување на двете земји и заедничкото дејствување за забрзување на евроинтеграциските  процеси и зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО. „Денеска кога правиме исчекор за новата приказна на Република Македонија, во периодот после најдлабоката политичка криза во историјата на современата државност, повикувам повторно да го воскликнеме повикот од Манифестот на АСНОМ: „Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме“ и во новите предизвици да влеземе без петно од минатото“, истакна премиерот Заев во неговиот говор.

zaev_delcev

Во Пелинце, од името на Владата на РМ говореше вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев кој потенцираше дека реформската влада работи во насока на изградба на Македонија како граѓанска држава, слободна татковина на сите граѓани и етнички заедници. 

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk