Формирана Работна група за изработка на Анализа за т.н „Проект Скопје 2014“

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски на 28 јули 2017 година формираше Работна група за изработка на Анализа за реализацијата и последиците од т.н. “Проект Скопје 2014”, во состав проф. д-р Мирослав Грчев, редовен професор на Архитектонскиот факултет при УКИМ (координатор), м-р Никола Наумоски, политиколог и комуниколог, Мартин Пановски, дипломиран инженер - архитект, доц. д-р. Донка Барџиева - Трајковска, историчар на уметност и конзерватор и Златко Теодосиевски, ликовен критичар и советник -куратор.

RabGrupa_SK2014

Работната група има за задача да подготви Анализа на реализацијата на досегашните активности од т.н. “Проект Скопје 2014”, во која ќе изврши евалуација на сите аспекти од проектот во надлежност на Министерството за култура и ќе даде предлог за можни решенија и мерки за реализација на активности во наредниот период.

На првиот состанок, членовите на Работната група констатираа дека најнапред ќе биде потребно да извршат инвентаризација на сите објекти од т.н. “Проект Скопје 2014”, која ќе биде составен дел од Анализата. Членовите, исто така, констатираа дека ќе биде потребно формирање на специјализирани подгрупи, составени од докажани професионалци од повеќе сфери релевантни за Анализата, а коишто ќе третираат различни аспекти на т.н. “Проект Скопје 2014”.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk