Хрватска дава поддршка центарот на Иницијативата „16+1“ да биде во Скопје

Заменик – министерот за култура на Република Македонија, Владимир Лазовски, оствари средба со Данијела Баришиќ, амбасадор на Република Хрватска во нашата земја.

cover_Barisic_Lazovski

Во срдечна атмосфера, двајцата соговорници го истакнаа задоволството од традиционално одличните односи како и културната соработка помеѓу двете земји, која продолжува интензивно на сите нивоа.

На средбата се разговараше и за Иницијативата „16+1“ на НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа, при што заменик - министерот Лазовски побара од Република Хрватска да ја даде својата поддршка за предлогот, идниот Координативен центар за културна соработка меѓу овие земји да биде востановен во Скопје. Амбасадорката Баришиќ со задоволство ја поздрави иницијативата и ја даде поддршката на Хрватска за овој предлог.

Инаку, неодамна, отворањето на овој Центар за културна соработка во Скопје беше поддржано и од  бугарскиот министер за култура Банов, со што поддршка за оваа идеја веќе има од 12 држави, и тоа од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Хрватска, а сè уште не се изјасниле Чешка, Романија и Србија. 

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk