Свечено отворен 52. МТФ „Војдан Чернодрински“

Vojdan_Cernodrinski_1

На годинашниов Фестивал ќе бидат прикажани вкупно 20 претстави од кои 12 се во официјалната конкуренција за награди ...

Во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 9 јуни 2017 беше свечено отворен 52. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. 

Во неговиот говор при отворањето на манифестацијата, министерот за култура Роберт Алаѓозовски истакна дека му е задоволство што неговото прво официјално појавување во јавноста е токму на отворањето на МТФ „Војдан Чернодрински“. Тој најави дека Министерството за култура ќе продолжи да ја поддржува оваа врвна манифестација.

- Пред нас е 52. издание на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, навистина импозантна традиција, која засужува длабок респект. Повеќе од половина век е расадник, мотиватор и еден од клучните двигатели на македонското драмско творештво. За Македонија, фестивалот е особено важен, бидејќи се презентира најдоброто од театрите, се вреднува домашната театарска продукција, а тој служи како платформа преку која театарските работници се споредуваат, учат еден од друг и заедно ја градат театарската традиција и го развиваат овој важен сегмент на нашата уметност и култура.


Vojdan_Cernodrinski_2

Министерството за култура ќе продолжи да го поддржува македонското драмско творештво како и Фестивалот. Тој останува во Прилеп и ќе се засили во функција на доближување на театарот до модерните светски театарски трендови, рече на отворањето на Фестивалот министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Тој нагласи дека Министерството ќе инсистира уште понагласено да се истакне улогата и статусот на творецот и на уметникот без да се инструментализира уметничката слобода.

- Ни треба исчекор од театар кој се гуши во лажна помпезност, кој замижува пред неправдите, до театар кој е жив, модерен, слободен, гласен, европски. Го прогласувам за отворен македонскиот театарски фестивал „ВојданЧернодрински“, рече Алаѓозовски.


Vojdan_Cernodrinski_8

На големата сцена од Домот на културата „Марко Цепенков“, традиционално, на академик Митко Маџунков најпрвин му беше врачена наградата за животно дело.

Честитајќи му ја наградата, градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески истакна дека Фестивалот не само бренд на градот, туку и на Македонија.

- Прилеп се гордее со фестивалот, кој еве веќе по 52. пат се отвора. Се надевам деа прилепската и македонската публика овие седум дена ќе ужива во врвните достигнувања на македонските театарски куќи, изјави Ристески.

Веднаш по чинот на отворањето, Драмски театар од Скопје ја изведе првата од 12-те претстави во официјалната конкуренција за награди, „Венецијанскиот трговец“ од Шекспир во режија на Наташа Поплавска.

Инаку, во чест на Фестивалот, во Домот на културата „Марко Цепенков“ истовремено беа отворени и изложбите „Пејзажи на душата“ од Стефан Хаџиниколов и заедничката изложба на Друштвото на ликовните уметници на Битола. На годинашниов Фестивал ќе бидат прикажани вкупно 20 претстави од кои 12 се во официјалната конкуренција за награди.



oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk