Свечено отворен Павилјонот на Република Македонија во рамките на 57-то издание на Биеналето во Венеција

Bienale_3

Венециското биенале е една од најстарите и најпрестижни европски манифестации и за јавноста ќе биде отворено од 13 мај до 26 ноември. На Биеналето својата уметност ја претставуваат 57 земји од целиот свет преку националните павилјони, а излагаат стотици автори ...

Во престижниот изложбен простор Арсенале во Венеција вчера свечено беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 57-то издание на најголемата и најпрестижна интернационална ревија на уметноста во светот - Венециското биенале. На свечената промоција на годинашниот национален претставник, проектот „Red carnival“ (Црвен карневал) на реномираниот уметник Томе Аџиевски, меѓу многубројните гости, присуствуваа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и конзулот на Република Македонија во Венеција Ашим Зекировски. Свеченото отворање беше проследено од страна на голем број на посетители, меѓу кои и претставници на земјите учеснички од регионот.

Bienale_4

Република Македонија се претставува на Венециското биенале по 12-ти пат и презентира иновативен и комплексен мултимедијален проект. „Црвениот карневал“ е провокативна мултимедијална инсталација, слоевит авторски проект, една многу оригинална и автентична поставка која на ироничен и симболичен начин го поставува прашањето за западната, таканаречена беневолентна глобална хегемонија и нејзината деконструкција. Авторот Томе Аџиевски нуди авангардно решение, без никаква стравопочит кон трендовските манири, не ретко застапени во современите уметности.

Bienale_1-002

Проектот е концепциско-содржински и ликовно-технички високо изграден и комплексен во сопствената уметничка артикулација и произлегува од неговото неколкудецениско континуирано творештво. Куратор на проектот е Бранислав Саркањац, а комесар  Дирекцијата за култура и уметност - Скопје.

Венециското биенале е една од најстарите и најпрестижни европски манифестации и за јавноста ќе биде отворено од 13 мај до 26 ноември. На Биеналето својата уметност ја претставуваат 57 земји од целиот свет преку националните павилјони, а излагаат стотици автори. 

Bienale_2

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk