Отворени библиотека и истражувачки центар во МСУ во Скопје

MSU_640_-6

Овие книги, кои се во голем број, над 5 200, во МСУ долго време беа недостапни и библиотеката која претходно ја имал Музејот од неговото формирање од одредени причини била затворена ...

Во Музејот на современата уметност во Скопје денеска беа отворени библиотека и истражувачки центар. Библиотеката располага со фонд од 5200 наслови, над 2000 магазини, како и монографии на меѓународни и домашни автори и со тоа претставува најголема база на податоци за модерната и современата уметност во Република Македонија.

Библиотеката и истражувачкиот центар ги отворија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, директорот на Музејот на современата уметност Лазе Трипков и Олга Костовска, претседателка на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување. Музејската библиотека е донација од Еуролинк осигурување, која целосно ги покрила трошоците за внатрешното уредување и новиот инвентар. 

Министерката Канческа-Милевска информира дека идејата за отворање истражувачки центар и библиотека е на директорот Трипков и го нагласи едукативниот карактер на проектот, за најмладите, за сите истражувачи и обучувачи кои работат во областа на современата и модерната уметност.

 MSU_640_-2

- Склучени се договори со училиштата и факултетите. Истражувачкиот центар ќе биде отворен за нив и сето она што го изучуваат ќе може и преку големата база на податоци со која располага МСУ да го надополнат - потенцира Канческа-Милевска и изрази надеж дека во иднина ќе се зголемува библиотечниот фонд и оти ќе поттикне развивање истражувачка дејност.

Таа потсети дека со поддршка од Министерството за култура беше извршена реконструкција на просторот во МСУ, кој располага со богат фонд од над 3 000 уметнички дела од домашни и од странски автори. 

Директорот на МСУ, Трипков, рече дека одлучиле сите публикации, монографии, книги и магазини што ги имаат да ги стават на располагање.

MSU_640_-4

- Овие книги, кои се во голем број, над 5200, во МСУ долго време беа недостапни и библиотеката која претходно ја имал Музејот од неговото формирање од одредени причини била затворена. Со поддршка од Министерството за култура одлучивме дека е тоа еден од најважните приоритети на институцијата, која покрај основната дејност - организирање изложби и манифестации за промоција на современата уметност - треба да понуди и соодветни публикации и да ги стави на располагање на студентите, критичарите и на луѓетото кои се заинтересирани - истакна Трипков. 

Тој посочи дека МСУ располага со поголем број публикации, кои се посветени на модерната и современата уметност за разлика од Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Истовремено истакна дека голем дел од публикациите се дигитализирани и книгите ќе може да се видат тука, а ќе бидат поставени и на веб-страницата на која секој што ќе се регистрира ќе може да ги преземе и да ги користи.

MSU_640_-1 

Претседателката на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување Олга Костовска посочи дека одбележуваат 15 години од постоењето и ја истакна одлуката да го поддржат МСУ.

- Во изминатата година видовме нов бран, нова сила на професионалци во оваа област. Го препознавме тоа и решивме да го дадеме својот придонес во зачувување на македонското наследство, култура и богатство и да ги поттикнеме сите млади уметници да остават печат во времето во кое живееме - рече Костовска.

MSU_640_-5 

Трипков информира дека МСУ на 26 април го почнува циклусот „Заборавените“, посветен на заборавените македонски автори кои живеат надвор од Македонија, а државата, како што рече, претходните години не остварила доволно релации, а самите автори се посветиле на формирањето на ликовната сцена во државата каде што живеат. Прв од тој циклус е нашиот уметник дизајнер Михајло Арсовски, кој живеел во Хрватска. Со тоа ќе биде отворено и новото одделение за архитектура и дизајн во МСУ.

MSU_640_-3


Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk