Обновена четвртата фасада од старата градска архитектура во Штип

Poseta_1

Ова е четврта фасада во Штип што е конзервирана, реставрирана и ставена во функција од страна на нашата надлежна институција Завод и музеј овде во Штип. За обнова на оваа фасада се издвоени средства во износ од 1.400.000 денари. Станува збор за староградска архитектура карактеристична за Штип која потекнува од 19 век ...

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Штип ја промовираше четвртата фасада чија обнова е реализирана во овој град во рамките на проектот на Владата и на Министерството за култура за реконструкција на фасади од старата градска архитектура во старите градски јадра.

Станува збор за куќата на ул. „Гоце Делчев“ бр. 55 и 57, објект кој бил изграден како една куќа, а која подоцна е поделена по вертикала на двајца сопственици.

- Ова е четврта фасада во Штип што е конзервирана, реставрирана и ставена во функција од страна на нашата надлежна институција Завод и музеј овде во Штип. За обнова на оваа фасада се издвоени средства во изност од 1.400.000 денари. Станува збор за староградска архитектура карактеристична за Штип која потекнува од 19 век. Целосно се реставрирани фасадата, покривната конструкција и дограмата - изјави Канческа-Милевска.

Poseta_2

Таа најави дека активностите во рамките на овој проект во Штип предвидуваат обнова на фасадите на уште два објекта.

- Не застануваме тука. Оваа година, согласно со Акциониот план, треба да се обноват уште две фасади, кога станува збор за обнова на фасади на објекти коишто се регистрирани како споменици на културата и со карактеристична стратогардска архитектура. Заводот и музеј Штип веќе работи на проектите за реконструкција на овие две фасади, кои треба да бидат обновени до крајот на годинава - истакна Канческа-Милевска. 

Poseta_5  

Таа додаде дека во Штип со поддршка од Министерството за култура досега се реализирани голем број проекти од областа на заштитата на културното наследство, како што се конзервацијата на вредниот фрескоживопис во црквата „Св. Спас“ кој датира од 14 и од 17 век, опремувањето на археолошкото депо и ремоделирањето на етнолошката поставка, во тек се и завршните работи за ремоделирање на нумизматичката поставка, а беше отворен и Музејот на знаменити штипјани во Ново Село. Исто така, континуирано се поддржуваат археолошките истражувања на локалитетот Баргала кој е значаен ранохристијански епископски центар и еден од петте познати епископски центри на територијата на Република Македонија каде што е извршена и целосна електрификација, археолошки доистражувања, конзервација, реставрација и реконструкција на бедемските ѕидови.

Poseta_4

Во тек е и конзервацијата на вредните икони кои ќе бидат изложени во галериската поставка на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село, Штип, со што тие ќе се заштитат од понатамошно оштетување и пропаѓање. Проектот треба да се реализира до септември 2017 година.

На новинарско прашање Канческа-Милевска истакна дека Министерството за култура во изминатиот период реализираше значајни капитални проекти, а за годинава ја најави за 21 мај промоцијата на новата концертна сала за Македонската филхармонија, а до крајот на годинава треба да заврши реконструкцијата на Албанскиот театар и новата зграда на театарот во Струмица. Таа најави дека во наредниот период ќе се работи и на изградбата на Драмскиот театар, како и на реконструкција на некои театри кои функционираат во рамките на домовите на културата.

Poseta_8

Канческа-Милевска потсети дека минатата година театарот во Штип, кој функционира како дел од Центарот на културата, доби нова сценска, светлосна и тонска опрема. Преку овој проект, со кој беа опфатени повеќе театри во земјава, се здобија со квалитетна и софистицирана опрема, со која се овозможи визуелно и естетско збогатување на продукциите.

Министерката за култура во рамките на работната посета на Штип денеска присуствуваше на традиционалната, седма изложба насловена „Шарено Велигденско јајце“ во Центарот за култура во пресрет на големиот христијански празник Велигден.

Poseta_7

Таа изрази воодушевеност од креативноста на малите уметници од локалните основни училишта и градинки чии изработки на украси и јајца бојадисани со природни бои беа презентирани на декорираните штандови. На изложбата, која се реализираше со поддршка од Министерството за култура и од Општина Штип, беа наградени најдобрите креации.

Министерката за култура, во духот на големиот христијански празник, ја искористи можноста на сите граѓани да им го честита претстојниот празник Велигден и да им посака здравје и убави празнични денови.

Poseta_9

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk