Oбновени фасадите на уште два објекта во старата струмичка чаршија

martin_final

Две фасади во старата струмичка чаршија се завршени како дел од Програмата на Министерството за култура и НУ Завод и музеј Струмица за обнова на фасадите во старите градски јадра ...

Ова го изјави директорт на струмичкиот Музеј Зоран Рујак, кој денеска ги пречека министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој додаде дека во подготовка се проектите уште за две фасади.

- Досега се завршени фасадите на Архивот во Струмица и овие две во чаршијата. Ги подготвуваме проектите за нови две фасади од ова подрачје, кое во моментов ни е приоритет - рече Рујак.

Fasadi_1-001

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска очекува скора реализација на овие проекти.

– Во консултација со раководните лица на Музејот, договоривме годинава да ја завршат проектната документација и во септември да ја почнат тендерската постапка, за да може да почне реализацијата од септември идната година - рече Канческа-Милевска.

Струмичкиот завод интензивно работи на реконструкција на стариот театар, кој надлежните очекуваат да е готов до септември.

DSC_0087-001

– Динамиката на работа е одлична. Во моментов поставуваме сценска механизација, ставаме фасада, треба да го средиме фоајето и други детали. Веќе ја подготвивме и првата претстава, очекуваме да биде одиграна во септември кога и свечено ќе го пуштиме театарот - рече Рујак.

DSC_0060-001

Годинава, струмичкиот Музеј ќе го чисти и фрескоживописот на црквата во Вељуса, оштетен уште за време на Втората балканска војна, потоа ќе подготвува предисториска наколна населба во Стар Дојран со 4 праисториски објекти и една мандра. Стручните екипи во Заводот и музеј Струмица, ја подговуваат и монографијата за Цареви кули, капитално дело од 700 страници, а годинава треба да ја завршат северната кула на овој објект во кој ќе градат и средновековна куќа.

Teatar_1-001


Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk