Во мај ќе биде промовирана осовремената постојана поставка во Завод и музеј Струмица

muzej_strum_2

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари работна посета на Заводот за заштита на спомениците и музеј Струмица, каде со поддршка на Министерството за култура се реализираат голем број на проекти од областа на културата ...

Во оваа музејска установа во тек се активностите за осовременување на комплексната постојана поставка, во која се изложени неколку стотици предмети од археолошки, историски и етнолошки карактер кои ги отсликуваат културата, историјата и традицијата на овој регион. Од страна на директорот на оваа национална установа, Зоран Рујак, министерката за култура беше информирана дека градежните работи ќе бидат завршени во месец мај кога Струмичкиот музеј ќе добие целосно обновена музејска поставка. Градежните работи опфаќаат: поставување на 22 нови витрини, нова електрична инфраструктура, нов набљудувачки систем и нови сигурносни аларми.

Postavka_5-002

Во поставката, покрај постоечките, ќе бидат изложени и нови предмети кои беа откриени во текот на последната деценија при археолошките истражувања на голем број локалитети во овој регион, меѓу кои и на Цареви кули, Црвено поле, Римската терма во Банско, Струмичко, Орта џамија и многу други споменици на културата. Во контекст на поинтензивна промоција на оваа музејска установа, изработено е посебно и ексклузивно монографско издание кое е пресек на проектите и долгата историја на овој регион. Во наредиот период во Струмица е предвидено и осовременување на Галеријата на икони „Св. 15 тивериополски маченици“, која е една од најбогатите и највредни во југоисточниот дел од државава, и реконципирање на постојаните поставки во Спомен-куќата на Благој Јанков-Мучето и во Староградската куќа (Турска пошта).

slika_postavka_1

Проектот за осовременување на комплексната постојана поставка се реализира во рамките на активностите на Министерството за култура за воспоставување постојани поставки во националните музеи од сите области: археологија, историја, историја на уметноста, етнологија, современа уметност и природонаука. Преку овој повеќегодишен проект е предвидено нашите музејски институции да добијат најрепрезентативни постојани музејски поставки, атрактивно конципирани простори кои ќе имаат современи облици на презентација на музејските експонати и кои ќе овозможат интеракција со посетителите. 

Postavka_4-001

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk