Интервју за Дневник

min_kult_Elizabeta_Kanceska-Milevska_3Aalogo_dnevnik_200

Интервју: МНТ ќе прави светски фестивал, македонската книга се враќа на саемите

Генерално, иако е зголемен буџетот, не треба да се очекува дека ќе имаме многу повеќе проекти од лани, туку единствено значи дека ќе имаме извонредно квалитетни. Избраните проекти на институции, поединци, здруженија треба да носат бенефит за дејноста, односно институцијата, а со тоа и за културата на земјава

На сцената на Македонскиот народен театар годинава своја претстава ќе постави светски познатиот режисер Андреј Жолдак од Украина, истата сцена ќе им биде домаќин на трисетина реномирани театри од целиот свет во рамките на меѓународен театарски фестивал, кој ќе се востанови годинава. Со македонска култура ќе се освојуваат Виена, Рим, Будимпешта, Прага, Европската културна престолнина Рига, но и подалеку, Азија и Австралија. Театрите од земјава ќе гостуваат секој кај секого, а многу ансамбли ќе заиграат на странски сцени. Годинава Скупи целосно ќе се доистражи, а в година ќе се реконструира, Kурбиново и Бигорски комплетно ќе бидат завршени, а заштитарите ќе имаат полни раце работа врз значајни фрескоживописи на споменици на културното наследство. Отворените охридски сцени, Антички театар и Долни Сарај, ќе бидат покриени.
- Ова е година на квалитетни културни настани - децидна е министерката за култура Елизабета Kанческа-Милевска, која годинава на располагање има 3,9 милијарди денари, за 11,6 проценти повеќе отколку лани. Од вкупниот буџет, 1.009.681.000 денари се за програмските активности во дејностите од културата, односно за дури 27 отсто повеќе отколку лани.

 
Избрано квалитетното

Министерството за култура, односно комисиите по дејности, го направија изборот на проекти од национален интерес. Сметате ли дека годината ќе биде богата со програми, особено што на располагање се многу повеќе пари отколку лани?

 - Иако буџетот во областа на културата е зголемен за околу 11 отсто и во делот на програмските средства е поголем за 27 отсто за разлика од лани, најголемо внимание беше посветено на квалитетот на проектите во сите дејности. Сметам дека ни претстои година во која ќе се реализираат одлични проекти. Водевме сметка за рамномерен пристап кон поддршката во сите дејности од областа на културата. Сега, на пример, приоритет ни е заштитата на културното наследство иако еднакво се води грижа за сите дејности. Затоа сум задоволна од тоа што е избрано. Генерално, иако е зголемен буџетот, не треба да се очекува дека ќе имаме многу повеќе проекти, туку тоа и единствено значи квалитет. Избраните проекти на институции, поединци, здруженија треба да носат бенефит за дејноста, односно институцијата, а со тоа и за културата на земјава.

 
На која дејност сметавте дека треба особено внимание, во смисла на поддршка?
- Секаде, во сите дејности. Еве, во театарската дејност имаме значително поместување на квалитетот, повеќе премиери, ќе работат значајни имиња. Нашите театри, пак, ќе гостуваат во странство. Драмски театар ќе гостува во Виена, Битолски во Пекинг, Прилепски во Австралија, Албанскиот во Турција. Годинава водевме сметка за дисперзија на културата во внатрешноста на државава. Секој национален театар е обврзан во текот на годината да гостува кај другите театри. Во театрите ќе има 44 премиери, поддржана е независната сцена, има многу алтернативни проекти. Пари ќе добијат и 23 фестивали и манифестации. Втора година по ред ќе се одржува театарскиот фестивал „Шекспир“ во Битола. На големо се работи и на нов меѓународен фестивал, кој ќе го организира Македонскиот народен театар во новиот објект. Водевме сметка во институциите каде што има можност, на пример, во помалите центри за култура, каде што нема театарска дејност, задолжително да се поддржи театарска претстава на аматерски театар. Се разбира, нема да ги заборавиме значајните јубилеи, имиња, репродуктивните уметници од сите генерации, како и детските културни проекти.


Речиси по правило, по објавувањето на Годишната програма уметници забележуваат дека голем дел од средствата од буџетот за култура се за капитални проекти, односно за објекти, а не за проекти. Дали годинава уметниците ќе бидат задоволни?

- Уметниците со добри, квалитетни проекти ќе бидат задоволни, зашто многу често се случувало Министерството да не е задоволно од апликациите. Сме очекувале подобри проекти, ама не сме добиле. Многу често тие се некомплетни, необразложени. За изборот на проекти одлучуваа стручни комисии и тие точно знаат зошто еден проект е поддржан, а друг не е. Се разбира, сите имаат право и на приговор. Од в година, со измените на Законот за културата, ќе се воведе електронска апликација.

А освен за квалитетот, се водеше сметка да има рамномерна поддршка за националните институции, за локалниот развој.


Kолку капитални инвестиции „влечат“ од парите наменети за култура?

- Тоа се две различни ставки. Не можете програмски пари да трошите за капитални инвестиции. Годинава, на пример, од тие буџетски средства надвор од капиталните, имаме поддршка за институции - ќе се реконструира покривот на Центарот за култура во Неготино, библиотеката во Охрид ќе се адаптира во просториите каде што сега е дирекцијата на „Охридско лето“. Средствата за крупни инвестиции не се мешаат со програмските.

Андреј Жолдак во Скопје
Новиот МНТ се отвори и, откако помина љубопитноста за ентериерот, сите погледи се свртени кон тоа што ќе се случува на сцената. Kако ќе се развива новиот театар?

- Во МНТ ќе има неколку премиери, тие што се префрлаат од минатата година, Иван Поповски, Љубиша Георгиевски, Зоја Бузалковска, но и сосема нови проекти. Годинава во МНТ ќе работи еден многу познат режисер Андреј Жолдак. Гостувањето на славни театарски имиња ќе стане практика. МНТ од годинава ќе биде домаќин-организатор на меѓународен театарски фестивал.


Минатата година македонската книга ја немаше во Франкфурт. А, годинава?
- Здружението на издавачи и книжари ќе организира македонско претставување на Саемот на книгата во Франкфурт, потоа во Гетеборг и во Истанбул. Таму ќе се претставиме покомплексно. Ќе учествуваме на некои од позначајните поетски фестивали во светот, на пример, на фестивалот во Шведска ќе н`претставува Никола Маџиров, а на „Гранада“ - Игор Исаковски.


Музеите последниве месеци често се посетувани од инспекции?

- Од страна на Министерството за култура редовно се спроведуваат инспекции во сите институции. Во некои не е целосно спроведен законот. Согласно законот, имаме преземено мерки – мерка на прекршок мерка на изрекување парична казна итн. Но, има неадекватно спроведување на законската легислатива и на тие правилници од страна на вработените и на директорите. Одговорноста е огромна и на директорот на институцијата и на вработените во спроведувањето на законот и на правилниците што произлегуваат од законот во делот на евидентирање на културното наследство.


Тоа значи дека и годинава културното наследство е на приоритетната листа?

- Да, културното наследство, истражувањата, а особено заштитата. Годинава целосно ќе се истражи Скупи, ќе се работи интензивно на заштита на фрескоживописот на значајни споменици, „Свети Ѓорѓи“ во Kурбиново целосно ќе се реставрира, обновата на манастирот „Свети Јован Бигорски“ ќе биде комплетно готова и многу други проекти во областа на културното наследство.

Сите музеи ќе го полнат Археолошкиот

Археолошкиот музеј наскоро треба да биде отворен, но остана ли нешто по музеите, со оглед на тоа колку од нив било изнесено?

 - Додека не заврши истрагата не можам да зборувам за точна бројка на вредни музејски предмети што се изнесени зашто има експонати што не го добиле статусот на вреден музејски материјал. А, археолошката поставка во новиот Археолошки музеј е веќе затворена. Станува збор за многу вредни атефакти, вклучувајќи ги кочијата, чија реставрација е во завршна фаза, саркофагот, кој ќе биде презентиран во помала димензија, и голем број помали артефакти од сите локалитети и сите музеи од земјава.

Македонска култура виа Прага, Виена, Рига, Рим, Женева...

Последниве години практика стана со култура да се одбележуваат јубилеи на билатерални односи со странски земји и да се учествува на важни меѓународни фестивали и манифестации?

- Македонската култура ќе ја има во светот со повеќе од 200 проекти. Репрезенти во странство се програми на 39 национални установи, 111 проекти на невладиниот сектор, здруженија и на самостојни уметници, проекти во културните центри во странство, во ателјето во Париз итн. Ќе имаме комплексни манифестации во земјите со кои одбележуваме 20-годишнини на билатерална соработка - Чешка, Австрија и Унгарија. Македонија ќе биде присутна и во Женева, каде што ќе се одбележи членството на нашата држава во Советот за човекови права на ОН. Ова е прво членување на Македонија во Советот, кој е едно од најпрестижните тела на ОН, и ќе имаме богата културна промоција. Ја продолжуваме традицијатаa на присуство во Европската престолнина на културата. Годинава ќе имаме комплексно претставување во Рига. Во Рим на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Kирил“, која ќе се спои со 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со Ватикан, ќе организираме изложба на средновековните македонски ракописи, а ќе гостува и претставата „14 часа“ на МОБ. Значајно е што годинава во Скопје ќе се организира една светска манифестација во соработка со Kинотеката на Македонија - 70. конгрес на Светската асоцијација на филмски архиви.

Лилjана ГрЏо Дамовска

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk