Државен секретар

Z.__Behixhudin_Shehabi___200Бехиџудин Шехаби

Behixhudin Shehabi

 

Државниот секретар во Министерството за култура е роден во 1961 г. во Тетово, а дипломирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј, на отсекот за Историја на уметноста и археологија. Долго време работел во Исламската заедница на РМ како одговорен во секторот за култура, а во Средното теолошко училиште „Иса Бег“ го предавал предметот Култура и цивилизација. Во јуни 2005 г. беше избран за директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, односно Националниот конзерваторски центар, и беше на оваа функција до декември 2006 година. Оваа институција ја раководеше и во периодот од 2008 до 2011 година. Во 2011 г. беше избран за пратеник во Собранието на РМ, каде што, покрај другото, беше член на Комисијата за култура и оваа функција ја вршеше до 2014 година, кога е назначен за државен секретар во Министерството за култура.  Исто така, тој е претседател-волонтер на Х.О. Ел Хилал.

Досегашни поважни активности и дела:

- Коавтор на книгата „Стара скопска чаршија”

- Кооавтор на монографијата „Спомен за Скопје„

- Главен и одговорен уредник на книгата „Османлиските споменици во Скопје”

- Главен и одговорен уредник на книгата „Да го запознаеме Мухаммед Алејхисселам”

- Главен уредник на списанието „Hëna e re“ (Нова месечина)

- Член на Претседателството на Еколошкото друштво  во Тетово

- Автор на книгата „Бесмртни рани” (книга за урнатите османлиски споменици на културата)

- Иницијатор и координатор на проектите за обнова и реставрација на спомениците на културата од османлискиот период: Мустафа-пашина џамија, Кебир Мехмет Челеби џамија, Хатунџик џамија, Араста џамија во Скопје, Исхакије во Битола и Махмут-ага џамија во село Карбинци, Штип

- Раководител на археолошките истражувања и проектен координатор на Меморијалниот центар на Ататурк во с. Коџаџик

- Учество со соопштенија на повеќе од 40 меѓународни конференции и симпозиуми

Активно ги користи: албанскиот,  македонскиот и турскиот  јазик, а делумно ги говори англискиот и францускиот јазик.

BIOGRAFI

Контакт со кабинетот  на државниот секретар:

тел:02/ 3240-565, факс:02/ 3240-567

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk