Конкурс за доделување на државната награда “Св,Климент Охридски” во 2012 г.

Одборот за доделување на државната награда “Св.Климент Охридски” распишува

 Конкурс за доделување на државната награда “Св,Климент Охридски” во 2012 г.

Конкурс за доделување на државната награда “Св,Климент Охридски” во 2012 г.

Со државната награда “Св.Климент Охридски” се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата.

            Државната награда под условите определени во конкурсов може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.

            На награден поединец му се доделува: диплома и паричен износ.

            На секој член на наградена група творци или екипа му се доделува диплома и  еднаков дел од паричниот износ.

            На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.

            Паричниот износ на државната награда “Св.Климент Охридски” изнесува десет (10) просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.

            Државната награда “Св.Климент Охридски”, по правило, се доделува секоја година.

            Во една година може да се доделат најмногу до пет (5) награди.

            Иницијатива за доделување на државната награда “Св.Климент Охридски” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

            Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба подробно да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење (адреса-улица, број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во која што е постигнато остварувањето и други податоци што се смета дека ќе придонесат во оценувањето.

            Подносителот на иницијативата мора да ги наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон.

            Текстот на иницијативата (комплетиран) треба да се достави во 20 примероци, а трудовите, книгите, публикациите и сл. се третираат како прилози и треба да се достават во еден (1)  примерок.

            Иницијативите треба да се достават на следнава адреса:

            Министерство за култура на Република Македонија - Одбор за доделување на државната награда “Св.Климент Охридски”, ул.”Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 - Скопје, Република Македонија.

            Конкурсот трае од 1 до 30 јуни 2012 година.

            Некомплетните иницијативи и иницијативите и прилозите (трудови, книги, публикации и сл.) доставени по утврдениот рок за прием по конкурсов нема да бидат разгледувани.

Одбор за доделување на државната награда “Св.Климент Охридски”

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk