Отворен повик за учество на Меѓународниот фестивал „Сараевска зима 2019“

Министерството за култура на Република Македонија ја информира јавноста дека во периодот од 7 февруари до 21 март 2019 година во Сараево, Босна и Херцеговина, ќе се одржи 35-тото  издание на Меѓународниот фестивал „Сараевска зима“, кој веќе го отвори повикот за потенцијалните учесници од регионот ...

Рокот за пријавување учество на фестивалот е до 30 октомври 2018 година. По тој повод,  ве покануваме да ја посетите веб-страницата на Фестивалот  www.sarajevskazima.ba  на која може да се информирате за условите и да ја пополните пријавата за учество.

Меѓународниот фестивал „Сараевска  зима“, кој во 2019 година ќе се одвива под мотото „Бучава и бес“, е традиционален културен и уметнички настан во главниот град на Босна и Херцеговина во чии рамки се претставуваат разновидни културни содржини, како: театарски претстави, концерти, филмови, уметнички изложби, панел-дискусии, литературни настани, архитектура, видео и други програми, кои го презентираат културното наследство на земјите од регионот. Фестивалот вклучува и посебни програми за деца.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia