Здружение на ликовни критичари АИКА Македонија: Конкурс за годишната награда "Ладислав Баришиќ"

Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија го распиша Конкурсот за годишната наградата "Ладислав Баришиќ" со која се стимулираат истражувачки проект од областа на ликовната критика во земјата. Конкурсот е отворен од вчера (11 мај 2018) и трае до 1 јуни 2018...




nagrada_barisic

Како што велат од АИКА, наградата има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста. Недостатокот од пишана критика и потребата од афирмација на критичко делување во контекст на современата уметност, е основниот поттик за овој конкурс. 
Право за учество имаат сите историчари на уметноста, критичари, теоретичари, интердисциплинарни истражувачи и други профили на креативни автори поврзани со ликовните и визуелните уметности во Македонија (освен членовите на У.О. на АИКА Македонија). Кандидатите треба да се граѓани на Република Македонија или пак странски државјани кои живеат и работат на територијата на Република Македонија повеќе од една година.
Наградата е во висина од 30.000 денари и за неа ќе одлучува трочлено стручно жири. Конкурсот е отворен од 11 мај и трае до 1 јуни 2018, а кандидатите треба да достават опис на предложениот проект и методологија на неговата реализација (не повеќе од 1500 збора), и биографија (CV) на кандидатот или, доколку станува збор за група истражувачи, на сите поединечни членови на истражувањето.

Наградениот проект треба да биде изработен до крајот на декември 2018., пред годишниот симпозиум на АИКА Македонија каде наградената реализација ќе биде претставена. Истражувањето ќе биде преведено на англиски јазик и ќе биде објавено на веб порталот на АИКА Македонија. Добитникот на наградата ќе биде известен најдоцна до 10 јуни, 2018. Наградата е финансиски подржана од Министерство за култура на Р.М, Град Скопје и семејството Баришиќ. Наградата го носи името на Ладислав Баришиќ (1941-1991), ликовен критичар и историчар на уметност, кој во рамките на ликовната публицистика беше активен во периодот од 1972 до 1986. Тој е автор на текстови во кои критичарскиот став кон одреден културен настан се одликуваше првенствено со отпор кон априорното мислење својствено за догмите на времето во кое создавал.

Детали за конкурсот и начинот на аплицирање може да се пронајдат на следната врска: http://www.aica-macedonia.org.mk/wp/?p=832

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia