Центар за современи уметности – Скопје: Повик за предлог-проекти за Мобилна/монтажна галерија

Центарот за современи уметности – Скопје објавува повик до сите ликовни уметници, ликовни критичари и куратори, да поднесат предлог проекти/изложби кои ќе бидат реализирани во Мобилна / Монтажна галерија (локација: Парк на Франкофонија) во текот на 2018 година. Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура и Град Скопје, а краен рок за пријавување е 30 април 2018 година

Центарот за современи уметности – Скопје објавува:

ПОВИК


до сите ликовни уметници, ликовни критичари и куратори, да поднесат предлог проекти/изложби кои ќе бидат реализирани во Мобилна / Монтажна галерија (локација: Парк на Франкофонија) во текот на 2018 година.

Во рамките на своите напори за создавање долгорочно одржлив независен простор за уметничко и граѓанско делување и изразување, Центарот за современи уметности Скопје овозможува

Финансиска поддршка на уметничката продукција во Мобилната / Mонтажна галерија како простор за слободно изразување и делување на уметниците, креативните групи, цивилниот сектор и креативните граѓански идеи.

Повикот кој го објавува Центарот се однесува на финансиска поддршка на 10 проекти.

Проектите можат да бидат самостојни или групни ликовни проекти, мултимедијални проекти на уметници/куратори/уметнички групи кои ќе бидат целосно реализирани до крајот на ноември  2018 год. во соработка со Центарот за современи уметности Скопје.

Финансиската поддршка на проектите ќе биде до 35,000.00 ден. (од проект)

Оние настани коишто нема да бидат поддржани и доколку комисијата смета дека е потребно, а авторите прифаќаат, истите можат да бидат просторно и логистичко/технички поддржани и имплементирани во Галеријата во текот на 2018 година.

Пристигнатите проекти ќе бидат селектирани од страна на жири комисија на Центарот.

Не постојат ограничувања во изборот на медиумот, или пак во старосната граница на авторите.


Дополнителни информации и пријави можат да се добијат на следната адреса:

Центар за современи уметности - Скопје, Македонија
Бул. Гоце Делчев, ДТЦ Мавровка Ламела А 1/10, 1000 Скопје
тел/факс: 02 3 133 5 41
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.cac.org.mk


Краен рок за пријавување: пoнеделник, 30 април 2018, до 16,00 ч. (електронски: e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , по пошта или во канцеларија на погоре наведената адреса)

Спроведувањето на проектот Изложби во „Мобилна /Монтажна галерија“ на Центарот за современи уметности Скопје  е финансиски поддржан од Министерство за култура на РМ и Град Скопје.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia