Повик за предлог - проекти: Програма за партиципација на УНЕСКО за 2018 – 2019 година

Националната комисија  за УНЕСКО  при Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека Генералниот директор  на УНЕСКО, г-ѓа Одре Азуле упатува повик до државите членки да поднесат предлог - проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2018-2019 година, кои треба да бидат во согласност со приоритетите на Регуларната програма на организацијата...


Секоја  членка, преку својата Националната комисија за УНЕСКО,  може да поднесе најмногу до 7 барања / проекти (од областите  на  науката, образованието и културата  по 2 предлози и 1 од областа на животната средина) и 1  регионален  проект. Националните проекти се финансираат до 26.000 долари, интеррегионалните и субрегионалните  проекти  до 28.000, а регионалните проекти до  38.000 долари.

Со цел да се обезбедат потребните поддршки од другите држави за меѓународните проекти и навреме да се достават до УНЕСКО, предлог-проектите од областа на културата на англиски или француски јазик, како и на македонски, потребно е да се достават до Министерството за култура – Национална комисија за УНЕСКО најдоцна до 10  јуни 2018 година (конкурсниот рок е продолжен до 2 јули 2018 година)

Сите предлог проекти кои ќе бидат доставени после наведениот датум нема да бидат земени  во предвид.

Проектите задолжително се поднесуваат на  македонски јазик со верзија на англиски или француски јазик

Подетални информации за условите постапката за  избор на предлог проектите може да се  најдат во Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2018  - 2019 година  - 39 Ц/5, на интернет страна на УНЕСКО (www.unesco.org),


Формуларите за поднесување на предлог проекти може да се превземат од следнава интернет адреса:
http://www.unesco.org/new/en/member-states/mscontent/participation-programme/

Лица за контакт:

м-р Билјана Прентоска,
Генерален секретар на Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија
е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , тел. 02/3240-517

Татјана Краљевска – Лазарова
Сектор за меѓународна соработка и соработка со УНЕСКО
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , тел. 02/3240-591  

 

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia