Повик за поднесување на предлог - проекти на Меѓународниот фонд на УНЕСКО за културна разноликост за 2018 година

Министерството за култура ја информира јавноста дека до 16 април 2018 година, заинтересираните национални и јавни институции и здруженија на граѓани можат да поднесат предлог - проекти за реализација на активности од областа на културата во рамки на Меѓународниот фонд на УНЕСКО за  културна разноликост за 2018 година...

konkurs_unesco_cultural_diversity_2018

Апликациите се поднесуваат директно на новата интернет - платформа на УНЕСКО: https://en.unesco.org/creativity/ifcd/apply. Предлог - проектите треба да бидат во согласност со одредбите на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и унапредување на разноликоста во културните изразувања. Со цел процесирање на барањето, апликантите треба да ги следат следниве постапки:

- Креирање на профил
- Логирање на интернет платформата
- Креирање и проследување на апликацијата

Напомнуваме дека сите апликации треба да бидат испратени преку официјалната интернет платформа, останатите форми на доставување на проектите нема да бидат прифатени.

Секоја држава – членка може да поднесе до УНЕСКО 4 предлог проекти (два чиј носител е национална/јавна институција и два чиј носител е здружение на граѓани). Во таа насока Министерството за култура – Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија ќе изврши онлајн претселекција на пријавените апликации најдоцна до 15 мај 2018 година, а конечниот избор ќе го направи Меѓународниот комитет на оваа конвенција при УНЕСКО, во декември 2018 година.

Јасни и прецизни информации за аплицирањето и селекционата процедура може да се пронајдат на интернет страницата на Меѓународниот фонд на УНЕСКО за културна разноликост, на следните линкови:

https://en.unesco.org/creativity/sites/creativity/files/call_ifcd_en.pdf

https://en.unesco.org/creativity/sites/creativity/files/call_empowered_en.pdf

               

 

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia