Конкурс за Меѓународниот фестивал за фотографија “Блу вижн” во Техеран

Меѓународниот фестивал за фотографија “Сина визија” (Blue Vision International Photography Festival) е еколошки меѓународен натпревар, организиран од страна на уметничкиот и екосистемскиот клуб на Универзитетот во Техеран и со помош на студенти од целиот свет. Главниот фокус годинава e доброто информирање за потрошувачката на енергија и чистите енергии. Пријавувањата за оваа година можат да бидат во национални и меѓународни про секции, а и во фотографија со мобилни телефони. Тие ќе бидат прикажани на официјалните социјални медиуми на фестивалот...

blue_vision_foto_fest_teheran

Чистите енергии, оптимизацијата на потрошувачката на енергија, енергетската загуба, индустриското загадување, транспортот, загадувањето на воздухот, зелените градови и одржливиот развој се категориите за поднесување и избраните уметнички дела ќе бидат прикажани во галериите низ целиот свет. За про секцијата, работите може да се достават преку официјалниот веб-сајт на фестивалот, додека фотографиите од мобилни телефони може да се пријават преку социјалните медиуми со хаштагот #BVIPFEST.

Учесниците можат да ги пријавуваат своите дела до 30-ти април, а избраните уметници ќе бидат објавени до крајот на јуни. Овогодинешните победници можат да добијат повеќе од 2000 долари во награди. За повеќе детали и целосниот повик за пријавување, посетете ја веб страната на фестивалот. www.BlueCircleGroup.ir

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia