Конкурс за учество во финансирање проекти од програмите на Креативна Европа (2014-2020) - потпрограма Култура и Култура 2007-2013 на ЕУ за 2018 година

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

Врз основа на член 64 став (1) од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15 и 39/16), Министерството за култура објавува

 

КОНКУРС

ЗА УЧЕСТВО ВО ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ НА ПРАВНИ ЛИЦА ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КОИ СЕ ПОДДРЖАНИ ОД ПРОГРАМИТЕ НА КРЕАТИВНА ЕВРОПА (2014-2020) - ПОТПРОГРАМА КУЛТУРА И КУЛТУРА 2007-2013 НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА 2018 ГОДИНА

 

 

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И КАТЕГОРИИ

Министерството за култура ќе учествува во финансирањето проекти на правни лица од Република Македонија вклучени како проектни партнери (носители или коорганизатори) на одобрени проекти од програмата „Креативна Европа - потпрограма Култура“, како и од програмата на Европската Унија – „Култура 2007-2013“, за 2018 година во следниве категории:

  • Проекти за соработка од помал обем;
  • Проекти за соработка од поголем обем;
  • Проекти поврзани со Европската година на културното наследство 2018 година;
  • Литературни преводи;
  • Европски платформи.

II. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

  • Право на учество на Конкурсот имаат правни лица: установи од областа на културата (национални, локални или приватни), здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и слично, регистрирани во Република Македонија за дејности од областа на културата, а кои се проектни партнери, било како носители или како коорганизатори, во проекти кои веќе се одобрени или се во тек во 2018 година од програмата „Креативна Европа - потпрограма Култура“ и од програмата „Култура 2007-2013“.
  • Правните лица, кои биле поддржани од Министерството за култура за реализација на проекти од програмата „Креативна Европа - потпрограма Култура“ и програмата „Култура 2007 - 2013“ во претходниот период, треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со Министерството за култура.
  • Општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје немаат право на учество на Конкурсот.

III. КРИТЕРИУМ

  • Основен критериум е правните лица од Република Македонија да се проектни партнери (носители или коорганизатори) во одобрени проекти од програмата „Креативна Европа - потпрограма Култура“ и програмата „Култура 2007-2013“.

IV. ПРОЦЕНТ НА УЧЕСТВО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ

  • Министерството за култура ќе учествува во финансирањето на проектните партнери од Република Македонија во висина до 50% од минималното задолжително учество во финансирањето кое треба да се обезбеди од проектниот партнер во согласност условите на конкурсите на Европската комисија - Извршна агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура (ИА) во проектите одобрени во рамките на програмата „Креативна Европа - потпрограма Култура“ и на програмата „Култура 2007-2013“, односно:
  • за Проекти за соработка од помал обем ќе се обезбеди кофинансирање до 20%, односно до половина од одобрениот буџет за кофинансирање кој треба да го обезбеди проектниот партнер од Република Македонија (минималното задолжително кофинансирање за овој вид проекти изнесува 40%);
  • за Проекти за соработка од поголем обем ќе се обезбеди кофинансирање до 25%, односно до половина од одобрениот буџет за кофинансирање кој треба да го обезбеди проектниот партнер од Република Македонија  (минималното задолжително кофинансирање за овој вид проекти изнесува 50%);
  • за проекти поврзани со Европската година на културното наследство 2018 година ќе се обезбеди кофинансирање до 20%, односно до половина од одобрениот буџет за кофинансирање кој треба да го обезбеди проектниот партнер од Република Македонија (минималното задолжително кофинансирање за овој вид проекти изнесува 40%);
  • за Литературни преводи до 25%, односно до половина од одобрениот буџет за кофинансирање кој треба да го обезбеди проектниот партнер од Република Македонија (минималното задолжително кофинансирање за овој вид проекти изнесува 50%);
  • за Европски платформи до 10%, односно до половина од одобрениот буџет за кофинансирање кој треба да го обезбеди проектниот партнер од Република Македонија (минималното задолжително кофинансирање за овој вид проекти изнесува 20%).
  • Доколку проектот е одобрен од страна на Европската комисија - Извршна агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура (ИА), проектниот партнер од Република Македонија има право на финансирање од Министерството за култура на одобрениот проект во висина до дефинираните проценти според категоријата на одобрен проект.

V. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

И РОКОВИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

  • Пријавата, која е составен дел од Конкурсот, е објавена на веб-страницата на Министерството за култура на денот на објавување на овој конкурс.
  • Пријавата задолжително се презема од веб-страницата на Министерството за култура www.kultura.gov.mk и се пополнува во електронска форма со впишување податоци на означеното место, се потпишува од овластено лице и се доставува во печатена форма во Министерството за култура. За секој проект се пополнува одделна пријава.
  • Пријавите се доставуваат до Министерството за култура по пошта (ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000 Скопје), со датум на поштенскиот жиг, или лично во пи­сар­ни­цата на Министерството најдоцна до 16:00 часот во работните денови.
  • Нема да бидат разгледувани следниве пријави: доставени по истекот на рокот на Конкурсот, пополнети на несоодветен образец, доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара. Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат.
  • Имајќи ги предвид различните рокови на конкурсите од програмата „Креативна Европа - потпрограма Култура“ на Европската комисија - Извршна агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура (ИА) за горенаведените категории, Конкурсот е отворен во текот на целата година, а ќе се одлучува четирипати годишно - во декември 2017 година и во април, јуни и септември 2018 година.
  • Крајниот рок за доставување на пријавите е:
  • за првиот рок за одлучување (декември) заклучно до 30.11.2017 година;
  • за вториот рок за одлучување (април) заклучно до 31.3.2018 година;
  • за третиот рок за одлучување (јуни) заклучно до 31.5.2018 година;
  • за четвртиот рок за одлучување (септември) заклучно до 31.8.2018 година.

VI. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ

  • Министерството за култура на својата веб-страница ќе ги објави проектите на проектните партнери од Република Македонија во чие финансирање ќе учествува и Министерството за култура.
  • За секој поддржан проект ќе бидат објавени следниве информации: име и краток опис, листа на партнери, период на реализација, вкупен буџет на проектот, годишен буџет на проектниот партнер од Република Македонија во проектот и средства одобрени за тековната година од Министерството за култура за проектниот партнер од Република Македонија.

VII. ДОГОВОР ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ

  • Со проектните партнери од Република Македонија, Министерството за култура ќе склучи договор за учество во финансирање.

VIII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за европски интеграции и креативни индустрии на телефонскиот број 02/3207-446/443/433, кај одговорното лице Дафина Џепароска.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61

1000 Скопје

Република Македонија

www.kultura.gov.mk

Конкурсните документи можат да се пронајдат и сочуваат на следните линкови: 

Конкурс за Креативна Европа - Култура за 2018 година

Пријава за Креативна Европа - Култура за 2018 година

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia