Конкурс за стручно усовршување на уметници и дефицитарни стручни кадри во областа на театарот, музиката, танцот, литературата, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот и заштитата на недвижното, движното и нематеријално културно наследство за 2018 г

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

 

Врз основа на член 64 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15 и 39/16), Министерството за култура распишува


 

К О Н К У Р С

за поддршка на стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарни стручни кадри во областа на театарот, музиката, танцот, литературата, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот и заштитата на недвижното, движното и нематеријалното културно наследство за 2018 година

 

 

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И ПРИОРИТЕТИ

Министерството за култура ќе обезбеди средства во еднократен износ од Буџетот на Република Македонија за 2018 година за:

  • поддршка на стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарни стручни кадри (за додипломски, постдипломски и докторски студии и специјализации) во странство со приоритет на студиите што ги нема во образовниот систем во Република Македонија;
  • поддршка на стручно усовршување на дефицитарни стручни кадри за непосредна заштита на културното наследство;
  • поддршка на стручно усовршување во странство на кадри за менаџмент и маркетинг во културата и примена на нови технологии.

II. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

  • Право на учество на конкурсот имаат физички лица, државјани на Република Македонија.

III. КРИТЕРИУМИ

При одлучувањето, предност ќе имаат учесниците на конкурсот кои :

  • се на повисок степен на студии;
  • оствариле повисоки достигнувања и имаат подобри препораки;
  • постигнале повисок успех во изминатите години.

 

IV. ПРОЦЕНТ НА УЧЕСТВО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВО ПОДДРШКАТА ЗА СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ

  • Процентот на учество на Министерството за култура во поддршката за стручно усовршување е согласно средствата предвидени за оваа намена во Буџетот на Република Македонија за 2018 година.

V. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

  • Пријавата која е составен дел од конкурсот, се презема од веб-страницата на Министерството за култура www.kultura.gov.mk и се пополнува во електронска форма со впишување податоци на означеното место, се потпишува и се доставува во печатена форма во Министерството за култура.
  • Пријавата со целокупната придружна документација (задолжителната документација е наведена во Пријавата) доставуваат до Министерството за култура по пошта (ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61, 1000 Скопје), со датум на поштенскиот жиг, или лично во пи­сар­ни­цата на Министерството, најдоцна до 16.30 часот во работните денови.
  • Нема да бидат разгледувани следниве пријави: доставени по истекот на рокот на конкурсот, пополнети на несоодветен образец, доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара. Материјалите доставени со пријавите на конкурсите не се враќаат.
  • Конкурсот трае до 17.11.2017 година.

VI. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ

  • Сите учесници на конкурсот за резултатите ќе бидат известени во согласност со Законот за културата.
  • Со учесниците коишто добиле поддршка на конкурсот, Министерството за култура ќе склучи поединечни договори во коишто ќе се утврдат условите и обврските за користење на средствата.

VII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  • За дополнителни информации, учесниците на Конкурсот може да се обратат до Министерството за култура кај одговорниот државен службеник за соодветната дејност од областа на културата.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61

1000 Скопје

Република Македонија

www.kultura.gov.mk

Конкурсните документи можат да се пронајдат и сочуваат на следните линкови: 

Конкурс за стручно усовршување за 2018 година

Пријава за стручно усовршување за 2018 година

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia