Повик за „Поддршка на европски проекти за соработка“ во рамки на програмата „Креативна Европа - Култура (2014-2020)“ за 2018 година

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека Европската Комисија го објави повикот за аплицирање за акцијата „Поддршка на европски проекти за соработка“ во рамки на програмата „Креативна Европа - Култура (2014-2020)“ за 2018 година.

creative-europe


Покрај регуларните категории на оваа акција: „Проекти за соработка од мал обем (Категорија 1)“  и „Проекти за соработка од голем обем (Категорија 2)“, објавена е посебна Категорија 3: „Проекти во врска со Европската година на културно наследство 2018“.

Крајниот рок за доставување на електронските апликации до Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност при Европската комисија за Категоријата 3 е 22 ноември 2017 година (12:00 часот). 

Eлектронските апликации за Категориите 1 и 2 треба да се достават до Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност при Европската комисија најдоцна на 11 јануари 2018 година (12:00 часот).

Информации за повикот можете да најдете на следнава веб-страна:

https://eacea.ec.europa.eu/creative-europe/funding/support-european-cooperation-projects-2018_en

Дополнителни информации за повикот, постапката за аплицирање и подготовката на вашите проекти може да добиете во:

Министерство за култура на Република Македонија
Сектор за европски интеграции и креативни индсутрии
Одделение за Креативна Европа на ЕУ - Култура
Контакт лице: м-р Билјана Прентоска
(тел: 3 207 446/443; Е:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk