Отворен повикот за учество на Меѓународниот фестивал „Сараевска зима“

Министерството за култура на Република Македонија ја информира јавноста дека во Сараево, Босна и Херцеговина, во периодот од 7 февруари до 21 март 2018 година ќе се одржи 34-то издание на Меѓународниот фестивал „Сараевска зима“, кој веќе го отвори повикот за потенцијалните учесници од регионот.

Во таа насока,  ве покануваме да ја посетите веб страницата на фестивалот www.sarajevskazima.ba/en , на која може да се информирате за условите и да ја пополните апликацијата за учество на  овој фестивал.

Меѓународниот фестивал „Сараевска  зима“ е традиционален културен и уметнички настан, во чиишто рамки се претставуваат разновидни културни содржини како театарски претстави, концерти, филмови, уметнички изложби, панел дискусии, литературни настани и други програми, кои го презентираат културното наследство на земјите од регионот. Овој фестивал вклучува и посебни програми за деца.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia