С О О П Ш Т Е Н И Е ЗА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НАЦРТ-ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА 2018 ГОДИНА

Во согласност со член 70 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија” бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011, 51/2011, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15 и 39/16), националните установи во jуни во тековната година за наредната година доставуваат до Министерството за култура нацрт-годишна програма за работа на установата ...

Во нацрт-годишната програма се изразени средствата потребни за: програмски активности, оперативни трошоци на установата, плати и други надоместоци за вработените и за надворешните соработници кои ќе се ангажираат за остварување на програмата, материјалните трошоци и трошоците за инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема за установата.

Нацрт-годишната програма содржи проекти со спецификација на трошоците по намени и активности.

Образецот за нацрт-годишната програма и обрасците за поединечните проекти по одделни дејности треба да се преземат од веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk), да се пополнат електронски со впишување податоци на означеното место и да се заверат со печат на установата и со потпис на овластеното лице. За секој поединечен проект се пополнува посебен образец од соодветната дејност.

Кон пополнетите обрасци, задолжително треба да се приложат бараните документи кои се наведени во секој поединечен образец од соодветната дејност.

Со обрасците може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектите за кои установата цени дека е потребно да ги достави. Документите/ материјалите доставени со обрасците не се враќаат.

За сите дополнителни информации во врска со обрасците, можете да се обратите до Министерството за култура, до соодветното одделение.

Укажуваме дека нема да бидат разгледувани нецелосно пополнети и некомплетни обрасци - без приложени документи.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

ОБРАЗЕЦ ЗА НАЦРТ - ГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ ЗА 2018 ГОДИНА

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ВИЗУЕЛНИТЕ УМЕТНОСТИ , АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈНОТ

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ДРАМСКАТА ДЕЈНОСТ - АМАТЕРИЗАМ

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА МАНИФЕСТАЦИИ И ФЕСТИВАЛИ

ОБРАЗЕЦ ЗА ИНВЕСТИЦИОНО И ТЕХНИЧКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИТЕ И ОПРЕМАТА ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТ ОД ЕЛЕКТРОНСКОТО ИЗДАВАШТВО

ОБРАЗЕЦ ЗА ПУБЛИКАЦИЈА

ОБРАЗЕЦ ЗА СПИСАНИЕ

ОБРАЗЕЦ ЗА ИЗДАВАЊЕ ЦД

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТ ОД ОБЛАСТА НА МЕЃУНАРОДНАТА ДЕЈНОСТ

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТ ОД ОБЛАСТА НА МУЗИЧКО - СЦЕНСКАТА ДЕЈНОСТ И ФОЛКЛОРОТ

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТ ОД ОБЛАСТА НА ДРАМСКАТА ДЕЈНОСТ - ПРОДУКЦИЈА НА ПРОФЕСИОНАЛНА ПРЕТСТАВА

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ЗАШТИТАТА НА НЕДВИЖНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО , МУЗЕЈСКА ДЕЈНОСТ , ЗАШТИТА НА НЕМАТЕРИЈАЛНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО  , БИБЛИОТЕЧНАТА ДЕЈНОСТ , ДЕЈНОСТ ЗА ЗАШТИТА НА АУДИОВИЗУЕЛНИТЕ ДОБРА



kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk