Конкурс за доделување на државната награда “Мито Хаџи Василев Јасмин” во 2012 г.

Одборот за доделување на државната награда “Мито Хаџи Василев - Јасмин” распишува

К О Н К У Р С

за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин” во 2012 г.

Со државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин” се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарство. Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Државната награда под условите определени во конкурсов може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.

            На награден поединец му се доделува: диплома и паричен износ.

            На секој член на наградената група творци или екипа им се доделува диплома и  подеднаков дел од паричниот износ. На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета. Паричниот износ на државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин” изнесува пет (5) просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година. Државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин” се доделува, по правило, секоја година. Во една година може да се доделат најмногу до две (2) награди.

Иницијатива за доделување на државната награда “Мито Хаџи Василев - Јасмин” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба подробно да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење (адреса-улица, број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во која што е постигнато остварувањето и други податоци што се смета дека ќе придонесат во оценувањето.

Подносителот на иницијативата мора да го наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон.

Текстот на иницијативата (комплетиран) да се достави во 15 примероци, а трудовите (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават најмалку во два (2)  примерока.

Адресата на којашто треба да се достават иницијативите е: Министерство за култура на Република Македонија - Одбор за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин”, ул.”Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 - Скопје, Република Македонија.

Конкурсот трае од 1.10 до31.10.2012  година.

Иницијативите и предлозите (трудови, книги, публикации и сл.) доставени по утврдениот рок за прием, како и некомплетните иницијативи нема да бидат разгледани од страна на Одборот.

Одбор за доделување на државната награда

“Мито Хаџи Василев Јасмин”

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk