Конкурс за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” во 2015 година

Конкурс за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” во 2015 година ...

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарство.

Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

                Државната награда под условите определени во конкурсов може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.

                На награден поединец му се доделува: диплома и паричен износ.

                На секој член на наградената група творци или екипа им се доделува диплома и  подеднаков дел од паричниот износ.

                На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.

                Паричниот износ на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” изнесува пет (5) просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.

                Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” се доделува, по правило, секоја година.

                Во една година може да се доделат најмногу до две (2) награди.

                Иницијатива за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

                Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба подробно да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење (адреса-улица, број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во која што е постигнато остварувањето и други податоци што се смета дека ќе придонесат во оценувањето.

                Подносителот на иницијативата мора да го наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон.

                Текстот на иницијативата (комплетиран) да се достави во 15 примероци, а трудовите (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават најмалку во два (2)  примерока.

                Адресата на којашто треба да се достават иницијативите е:

                Министерство за култура на Република Македонија - Одбор за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” , ул. „Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 - Скопје, Република Македонија.

                Конкурсот трае од 1.10 до 31.10.2015  година.

                Иницијативите и предлозите (трудови, книги, публикации и сл.) доставени по утврдениот рок за прием, како и некомплетните иницијативи нема да бидат разгледани од страна на Одборот.

Одбор за доделување на државната награда

„Мито Хаџи Василев-Јасмин”

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk