Одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” во 2011 година

О Д Л У К А

Врз основа на членовите 1,2,7,12,16,17 и 18 од Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди  („Службен весник на Р.М.” бр.52/06 и бр.54/07) и Правилникот за работа, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин”, на седницата одржана на 7.12.2011 година  донесе

О Д Л У К А

за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин” во 2011 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија

1. За остварување во областа на публицистиката, државната награда му се доделува на:

- Тина Иванова Бејков, публицист.

2. За остварување во областа на новинарството, државната награда ја делат:

-  Драган Антоновски и Предраг Димитровcки, новинари.

Оваа одлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во “Службен весник на Република Македонија”.

Претседател на Одборот

за доделување на државната награда

„Мито Хаџи Василев - Јасмин”,

проф. д-р Веле Смилевски

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk