Конкурс за доделување на државната награда “Мито Хаџи Василев Јасмин” во 2013 година

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” распишува

 К О Н К У Р С

за доделување на државната награда Мито Хаџи Василев-Јасмин” во 2013 година

Со државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин” се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

            Државната награда, под условите определени во конкурсов, може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.

            На награден поединец му се доделува диплома и паричен износ.

            На секој член на наградената група творци или екипа му се доделува диплома и  еднаков дел од паричниот износ.

            На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.

            Паричниот износ на државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин” изнесува пет (5) просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.

            Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” се доделува, по правило, секоја година.

            Во една година може да се доделат најмногу до две (2) награди.

            Иницијатива за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

            Подносителите на иницијативата за доделување на државната награда треба подробно да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење (адреса - улица, број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во која што е постигнато остварувањето и други податоци за кои се смета дека ќе придонесат во оценувањето.

            Подносителот на иницијативата мора да ги наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон.

            Текстот на иницијативата (комплетиран) треба да се достави во 15 примероци, а трудовите (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават најмалку во два (2)  примерока.

            Адресата на којашто треба да се достават иницијативите е:

            Министерство за култура на Република Македонија - Одбор за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин”, ул. „Ѓуро Ѓаковиќ”, бр. 61 - Скопје, Република Македонија.

            Конкурсот трае од1.10 до31.10.2013  година.

            Иницијативите и прилозите (книги, публикации и сл.) доставени по утврдениот рок за прием, како и некомплетните иницијативи, нема да бидат разгледани од страна на Одборот.

Одбор за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин”

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk