Одлука за доделување на државната награда„Мајка Тереза”во 2012 година

Одлука за доделување на државната награда„Мајка Тереза”во 2012 година

Врз основа на членовите 8,9,11,12,13, 17,18 и 19 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди (“Службен весник на Р.М.”бр.52/06 и бр.54/07 ) и членовите 1,4,6,8 и 22 од Правилникот за работа на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза”, на седницата одржана на 20.6.2012 година  донесе

О Д Л У К А

за доделување на државната награда „Мајка Тереза” во 2012 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување,унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери

I. За остварување во областа на хуманоста и човечката солидарност државната награда им се доделува на:    

-Хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје и на

-УК Детскиот театарски центар од Скопје.

II. Оваа одлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе се објави во “Службен весник на Република Македонија”.

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОДБОРОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ

НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „МАЈКА ТЕРЕЗА”,

акад. Витомир Митевски


obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk